Традиционално пролетта е време за генерално чистење, па искористете го и вие да го исчистите вашето катче за „тимарење”. Едноставно обрнете внимание, не дозволувајте вишокот на бактерии да уживаат во вашите производи и уреди кои се одговорни за вашиот изглед.

И покрај тоа што науката го открила бројот и опсегот на бактериите што се наоѓаат на површините, нашата удобност средувањето на нашиот изглед да го правиме во тоалетот некако не завршува. Па така според истражувањата дури и во најдобро исчистените домови, 22 проценти од тестираните домови биле позитивни на бактерии и мувла на тоалетната школка, а 64 проценти во мијалникот. Да не претеруваме, едноставно добрата хигиена на производите и уредите кои ги користите за „тимарење” е есенцијално.

1. Осигурете се дека на производите за нега на кожа и коса не им поминал рокот. Рокот на траење на производот варира од категорија до категорија (мириси, на пример, се речиси универзално способни да се чуваат до четири години), но безбедно правило е да се ограничи складирањето на две години. Причината за ова е тоа што многу активни состојки кои ја сочинуваат формулата на производот ја губат ефикасноста со текот на времето. Затоа побарајте ја ознаката.

2. Редовно менувајте ја вашата четка за заби. Според експертите за здравствена заштита, возрасно лице треба да ја заменува четката за заби четири пати годишно. Топлината и влагата создаваат идеална средина за инкубација на ситни бактерии кои потоа мигрираат наназад до вашето лице и уста. Шармантно нели?

3. Практикувајте редовна хигиена на жилетите и машинките за потстрижување. Советите за безбедно и хигиенско бричење пропаѓаат ако не го менувате вашиот жилет или не го чувате соодветно. Никогаш не оставајте го вашиот брич да се суши на страната на сечилата и незаштитен и секако практикувајте да ги замените сечилата на секои шест бричења. Обликот и конфигурацијата на повеќето комерцијални сечила ги акумулираат сите најгруби делови од вашиот епидермис, а пак бричењето со тапи сечила е самоуништувачка мисија…

4. Бришете ги садовите и површините каде што ги чувате вашите производи и уреди за „тимарење”. Загадувањето на воздухот значи прашина и големи честички од загадувачи кои завршуваат на површините, па и на вас самите. Затоа одојте 30 минути, еднаш во две недели да ги измиете овие места со антибактериски спреј.

5. Дезинфицирајте, дезинфицирајте, дезинфицирајте. Покрај се гореспоменато, во вашиот дел за „тимарење” имате и чешли, ножици, пинцети и слично кои исто така треба да се одржуваат. Еднаш неделно доволно е да ги исплакнете овие под врела вода и едноставно да ги исушите со крпа за да се спречи развивање на ‘рѓа. Ако има УВ лампа добро би дошло да ги дезинфицирате или да си купите специјални кутии за складирање на истите.