IRIS Flow се слушалки кои се развиени од страна на аудио-технолошката компанија IRIS, подржани од легендарниот член на групата Queen,  Роџер Тејлор. Новите слушалки на IRIS имаат напредна технологија која не само што го обновува квалитетот на звукот кој неизбежно се губи при снимање, туку и му помага на слушателот да постигне „состојба на проток“, моќен невролошки мајндсет со целосен фокус, истовремено опуштен и ангажиран процес на слушање.

Науката позади овој изум е подржана и од експерти од универзитетот Голдсмит во Лондон. Оваа импресивна карактеристика користи патентиран алгоритам кој повторно ги синтетизира изгубените аудио информации, предизвикувајќи мозокот да ја активира и потсвесно да ја „здружи” музиката, давајќи супериорен квалитет на звук што е доста близок на искуството на слушање музика во живо. IRIS Flow слушалките доаѓаат во црна и бела боја, а цената им е 399 американски долари.