Да се биде интроверт или екстровер на работното место е вистински предизвик, ако претпоставениот или колегите се различен личносен тип од вас. На пример, за интровертите состанокот може да е вистински напор и непријатна ситуација. За екстровертите, да речеме ако работат од дома, потребна им е комуникација со друг човечки свет.
Авторките на книгата No Hard Feelings: The Secret Power of Embracing Emotions at Work, Лиз Фослин и Моли Вест Дафи, даваат неколку совети за тоа како да функционираат подобро интровертите, а како екстровертите кога се на работното место.
-
Интровертите треба да се подготвуваат за состанокот однапред
За да се чувствувате подобро кога ќе зборувате на состанокот, одвојте време да се подготвите – што ќе кажете, како ќе се однесувате. Штом состанокот почне, обидете се да презентирате во првите 10 минути. Така ќе го тргнете тој притисок од глава.
-
На интровертите им е потребно време да ги наполнат батериите
Фослин го нарекува ова Часот на Шулц. „Поранешниот државен секретар Џорџ Шулц одвојуваше еден час секоја недела без телефонски повици, без прекинувања, само со пенкало и хартија. Дозвола да го прекинат имаа само претседателот или неговата сопруга“, вели Фослин. Искористете го времето со себе да го подобрите расположението и да се вратите на работните обврски освежени.
-
Екстровертите треба да им дадат време на интровертите
„Дадете им време да излезат од својата школка. Кога зборувате со интроверт, погрижете да се ја заврши мислата, да го ислушате пред да зборувате. Ако организирате состанок, пратете им ја агендата пред време. Така ќе можат да се подготват и да бидат попродуктивни.“
-
Екстровертите мора да ги откријат своите емоции пред да зборуваат.
„Истражувањата покажуваат дека нашиот мозок подобро функционира пред емпатични шефови. Кога чувствуваме лична конекција со лидерот, имаме тенденција да се трудиме повеќе, да сме подобри и попријатни со колегите.“
-
Земете одмор
Одморот подалеку од работа прави да бидете поздрави попродуктивни. Но, доволно е и еден ден во неделата да одвоите без состаноци, повици, социјални настани. Тоа не значи да не работите, но да се исклучите од бурните случувања и премногу интеракција.
-
Отстранете ги емоциите од своите електронски пораки.
Недоразбирањата во дигиталната комуникација се чести. Убаво прочитајте два пати што сте напишале и внимавајте вашата порака да е јасна и гласна.