Утопијата која ќе биде изградена во пустината Мохаве ќе ги отвори своите врати за туристи кои сакаат да го доживеат живеењето на Марс. Истражувачката група Interstellar Lab со седиште во Париз работи на село сместено во пустина кое ќе им помогне во понатамошните истражувања за тоа дали би можеле и како луѓето би живееле на други планети, а истовремено да научат како да создадат повеќе одржливи заедници на Земјата.

Дизајнот користи вселенска технологија наречена EBIOS (експериментални био-регенеративни станици) првата контролирана, затворена животна средина на Земјата. Всушност EBIOS е рамка на регенеративно живеење, каде се обезбедуваат решенија за рециклирање на вода, производство на храна, управување со отпад и зачувување на природата.

Interstellar Lab

Ова би било колонија која би имала за цел да послужи и како угостителски и научен центар за обука на астронаути и земјоделски анализи. Interstellar Lab е во преговори со NASA за потенцијално користење на станицата за владини истражувања. Според основачот и извршниот директор на компанијата оваа станица би била отворена за туристи во текот на шест месеци од годината, додека останатите шест месеци би била користена за истражувања.