„Дали ú се допаѓам или не“ е веројатно многу почесто поставувано прашање дури и од „Да се биде или не“. Експертот за говор на телото и автор на книгата What Every Body is Saying, Џо Наваро, вели дека е многу лесно погрешно да се интерпретираат голем број сигнали кои ги даваат припадничките на спротивниот пол. 

сигнали 2

Најчесто погрешно интерпретирани знаци

„Честа забелешка која сум ја слушал од жените ширум целиот свет е дека она што мажите го сметаат за флертување, е всушност само нивната отвореност, веселост, пристапност“, вели Наваро. Овие жени, често се насмеани и имаат тенденција да зборуваат со раце и да го допираат соговорникот. Но, тоа не значи дека флертуваат, а уште помалку дека се лудо затрескани. Едноставно, тие се такви. 

Најлесно можете да процените некоја жена ако ја набљудувате како се однесува со својата околина. Работното место е доста плодна почва. Тука жените наидуваат на вакви недоразбирања, каде професионализмот погрешно се интерпретира како флерт. 

Гризењето на усните е уште еден од оние сигнали кои погрешно се интерпретираат. Зад оваа навика стои мислењето дека го привлекува вниманието на усните. Според Наваро, ги гриземе усните тогаш кога сме загрижени или кога ни е непријатно. „Со текот на годините, гризењето на усните претставува начин за ослободување од стресот, бидејќи имаат бројни нервни завршетоци, а често пати станува збор и за несвесна реакција“, објаснува Наваро. 

сигнали 1

Знаци кои не треба да ги игнорирате

Допирањето, насмевката и гризењето на усните можеби ќе ве стават во непријатна ситуација ако другата страна немала никаква романтично-сексуална намера. Но, Наваро тврди дека сè уште постојат сигнали кои треба да ве привлекуваат кон нејзиното магнетно поле.

 

  • „Со луѓето кои ни се привлечни, имаме тенденција да го повторуваме контактот со очи.“ Звучи логично, бидејќи кога некој ви се допаѓа, се обидувате да го свртите и задржите сето негово внимание. Контактот со очи, според Наваро, е наједноставниот и ефикасен начин на флертување, ако се прави соодветно. Тој мора да биде прекинуван, но одново воспоставуван, бидејќи ако гледате во некого многу долго, голема е веројатноста дека ќе делувате нападно.

 

  • „Се дотеруваме несвесно.“ Кога мисли на дотерување, Наваро мисли на онаа навика на птиците. Се издолжуваат, ги исправаат градите кон напред, ги чистат пердувите пред потенцијалниот партнер. Истото го прават и луѓето. Па така, девојките ќе нанесат кармин, ќе го наместат градникот, ќе ја допираат косата. И мажите го практикуваат ова, исправајќи го држењето, вовлекувајќи го стомакот. 

 

  • Изложување на слабата страна. Да речеме дека започнувате разговор со некоја девојка која ви се допаѓа. Според Наваро, треба да го набљудувате начинот на кој таа го држи пијалакот или циграта. Доколку внатрешната страна на нејзиниот зглоб од рака е свртен кон нас, значи дека постои некаква несвесна привлечност. Во спротивно, доколку надворешниот дел од раката ú е свртен кон вас, играјте воздржано. Сепак, тоа не значи дека малку разговор нема да направи голема ротација. 

сигнали

Во секој случај, однесувањето и интерпретирањето на знаците, не треба да се набљудува во изолација. Можеби девојката едноставно со сите и секаде се однесува на тој начин. Можеби ќе забележите дека само кон вас покажува одредено однесување па ќе ви се отвори шанса за комуникација.