Хоспиталити брендовите Four Seasons и W Hotels започнуваат со едно интересно патничко искуство, експеримент во кој соработиваат со врвни модни брендови. Целиот експеримет се состои во тоа што иновативните луксузни хотели започнаа да им нудат на гостите гардероби полна со дизајнерска облека кога ќе пристигнат во нивната соба иновативните луксузни хотели започнаа да им нудат на гостите гардеробери полни со дизајнерска облека кога ќе престојуваат во нивниот хотел.

Целиот експеримент е поттикнат од причината што пакувањето е стресно, а исто и транспортот на тешките куфери. Овој потег е дел од поширокиот тренд со кој компаниите сакаат клиентите да ги гледаат како холистички лајфстајл бренд. Сличен ваков проект започна Ocean Club, Four Seasons ресорт на Бахамите, минатата година каде имаа можност да ја остават својата облека и да купат нова од трите бутици на хотелот.

W Hotels за овој проект се има здружено со Run the Runway, компанија за изнајмување дизајнерска облека, па на патниците им нуди можност да ги носат најновите остварувања од модниот свет. Оние кои ќе резервираат соба во нивниот хотел имаат можност да изберат гардеробер полн со облека во четири стилови, почнувајќи од 69 американаски долари.

За овој експеримент претходно се правени истражувања каде се покажало дека луѓето кои престојуваат во овие хотели со задоволство би патувале со лесен багаж или пак едноставно да се чувствуваат како на модна ревија.

„Соработката со ваков бренд ни овозможува да го откриеме начинот на кој нашите гости се пакуваат и се облекуваат додека патуваат. Прескокнувањето на процесот на пакување е сосема ново ниво на луксуз за нашите гости и е уште еден изненадувачки начин да продолжиме да го откриваме гостопримството “, изјавија од W Hotels.