За да го персонализирате вашиот простор за работа некогаш не ви треба само врвна технологија туку и гаџети, украси и мали предмети кои се практични, неопходни и убави. Повеќето луѓе на своето работно место поминуваат 40 часа неделно.

Зошто да не се потрудите и да ја уредите во ваш стил? Секако треба да се почитуваат нормите и стандардите на компанијата во која работите, но малите ситни предмети кои би ги ставиле на вашето биро, дури и столицата која треба да ви помогне и биде потпора на вашиот грб можете сами да ги персонализирате на ваш креативен начин. Еве неколку работи кои ги одбравме а со кои можете да си го дефинирате просторот.