Светот ни е недостапен на некое време и не можеме физички да патуваме, но можеме да го испланираме нашето следно патување или да истражуваме за убавините на светот па да се инспирираме. И додека чекаме повторно да ја откриеме слободата и убавините на Планетата Земја можеме да го истражиме светот преку некој интересен подкаст.

На пример, подкастот The Carry On на трите другарки Мишел, Роуз и Трејси кои живеат во Брајтон Велика Британија, раскажуваат приказни за нивните патувања низ Европа, Австралија… Овие девојки се неверојатни бидејќи сите три покрај големата желба за авантура имаат и вокации кои се поврзани со патувањата.

Portland Unpacked, на ТВ водителката Фаустина Аголи, не телепортира на улиците на Портланд откривајќи ги работите кои го прават овој град уникатен, шетајќи не низ микро фармите, дестилериите и музичката сцена.

Подкастот Yosemite Voices, не шета низ историјата на Tuolumne County и националниот парк Јосемити, како и животот на луѓето кои живеат и работат таму. За луѓето кои сакаат да дознаат повеќе за Винската земја и Сонома, Wine Road: The Wine, When and Where of Northern Sonoma County, е вистинскиот подкаст за вас. Епизодите вклучуваат интервју со семејството Sainis, четврта генерација на лозари кои одгледуваат грозје повеќе од 100 години.

The Armchair Explorer, на наградуваниот писател и новинар Арон Милар е авантуристичка приказна поставена на музика и филмски ефекти. Интересен подкаст. Проверете го овој начин на виртуелно патување. Можеби овој избор нема да ви се допадне, но ќе најдете нешто што ќе ви го привлече вниманието и ќе ви помогне да откриете некоја од тајните или недостижни места на светот…