Брендот Alife го слави ирскиот празник St. Patrick’s Day, кој се смета за празник на ирската душа. Традиционалниот симбол, детелината и зелената боја која го карактеризираат празникот овој бренд го искористи за создавање на патики кои се доста интересни. Ограничената серија на патики всушност се hi-top патики, направени од кожа кои покрај боите на празникот обележани се со амблемот на брендот Alife. Овој додаток брендот го зачинува со дуксер кој е во зелена боја со детали од симболот на празникот-детелината. Навистина интересна комбинација…