3Д-печатењето веќе долго време е поздравувано како потенцијално решение за брзо и ефикасно градење недвижности. Но ова станува реалност. Без разлика на материјалот кој се употребува при печатење, овие реални 3Д печатени куќи веќе се вселуваат. Еве неколку примери на вакви куќи ширум светот.

Холандското архитектонско студио DUS Architects користи биопластика за печатење и конструирање на куќарка од осум метри квадратни. Куќарката која е сместена во Амстердам, е направена со техника на таложење. Впечатлива е поради геометриските форми на надворешните ѕидови. Кабината има доволно простор за спиење, со кревет што може да се подигне/тргне кога не се користи. 3Д-отпечатена бања изработена со истата техника на печатење се наоѓа надвор.

DUS Architects

Соработката помеѓу WASP и Mario Cucinella Architects, резултира со користење на народна архитектура и античките техники на градење со ниско ниво на јаглероден отпечаток. Домот се состои од две поврзани куполи и има површина од 60 квадратни метри. Конструкцијата има стаклени врати и голем прозор на врвот на секоја купола што дозволува доволно светлина да влезе во просторот. За оваа куќа е користена глина, кој со помош на повеќестепен 3Д-печатач структурата се завршила за 200 часа, при потрошувачка на само шест киловати енергија.

WASP и Mario Cucinella Architects

Houben & Van Mierlo го изгради првиот 3Д-отпечатен дом во Европа во форма на карпа. Целта на овој проект била создавање на шема на 3Д отпечатени куќи кои би се користеле како имоти за изнајмување. Поради тоа ова студио овој проект го има развиено како дел од истражувачки проект со Eindhoven University of Technology. Домот е има кујна и дневна со отворен план, спална и бања.

Houben & Van Mierlo

Оваа куќа на WASP од 30 квадратни метри е отпечатена со употреба на мешавина од локална почва, сецкани слама и лушпи од ориз добиени од отпадоците при производството на ориз. Структурните на ѕидовите се отпечатени од земја, додека празнините се полни со отпадоци од ориз, што обезбедува изолација. Лушпите од ориз се користени и во внатрешноста на конструкцијата, покривајќи ги sидовите и таванот на домот во форма на природен малтер. Во извештајот на компанијата стои дека оваа куќа може лесно да се распадне, без да и штети на околината, доколку не се одржува.

WASP

Оваа експериментална колиба на Emerging Objects во долината Сан Луис, Америка, е формирана од три цилиндрични меѓусебно поврзани објекти. Отпечатена е со употреба на SCARA (Selective Compliance Articulated Robot Arm) и е доволна за престој на две лица. Куќата располага и со огниште и розов покрив на надувување, што може да се подигне ако врне дожд или снег. Создаден е како студија за комбинација на модерна и античка технологија која може да се искористи за да се создаде дом доволно голем за две лица.

Emerging Objects