Што се случува кога ќе се соочат четири против две тркала во драг трка на електрични возила, каде на мегдан излегуваат американските „мускули“ против европското инженерство? Токму тоа ќе го дознаете од видеото во прилог, каде на патеката ќе се „судрат“ Porsche Taycan и Harley-Davidson Livewire во обид да докажат кој е побрз.

Трката е направена на авионска писта, а во дуел влегуваат две електронски возила од два и тоа како реномирани брендови, едни од најдобрите во своите полиња. Двете возила беа лансирани кон крајот на минатата година и се карактеризираат со различни спецификации.

Porsche Taycan произведува масивни 671 КС од својот 800-волтен систем. Сепак, автомобилот тежи 2.380 килограми, што е огромна бројка во споредба со 249-те килограми на Harley-Davidson Livewire електричниот мотоцикл. И покрај предноста во тежина, Revelation моторот на Harley-Davidson произведува „само“ 105 КС моќност, што не е ни блиску до она на Taycan.

Превземено од avtoplus.mk