Интелигентен „ ДОМАЌИН” робот

робот

Еден робот кој управува со сите останати.

Овој робот кој е дизајниран од Chen Wanheng за компанијата Sichuan Konka Smart Technology и е добитник на наградата RedDot Award 2018. Неговот име е IHR (Intelligent Housekeeping Robot), а негова примарна функција е да дејствува како центар кој може ефикасно да управува со сите ваши паметни уреди.

Користејќи вештачка интелигенција, роботот е програмиран да прима разни команди и да ги испраќа на разни уреди. Користејќи мобилна апликација корисниците комуницираат со роботот и преку него далечински го проверуваат статусот на уредите во домот.

Geofence технологијата го следи мобилниот телефон на корисникот, автоматски го информира робот за менување на поставките на домашните уреди како што е заштеда на енергија. IHR покрај тоа што управува со домашните уреди, исто така, ги информира корисниците за најновите вести, сообраќај, спорт и времето и поставува потсетници и задачи.

Покрај тоа, робот е опремен со OLED очи, кои осветлуваат и прикажуваат различни изрази на лицето, а околу пречките се движи со помош на сензори за допир. Говорната интеракција е исто така суштинска карактеристика на овој робот.

Примената на вештачка интелегенција овозможува роботите подобро да ги разберат корисниците. Тој реагира на повеќе јазични команди, а работата со различни платформи, корисниците можат да ја користат музика, па дури и за разговор.