Intel ја разви RealSense Depth технологијата која препознава лица со чувство за длабочина која може да се употребува на банкомати и паметни брави. Насловена како RealSense ID компанијата објаснува дека технологијата комбинира активна длабочина со специјализирана Artificial neural network и наменски систем чиишто елементи се вградени за да ги криптира и обработува корисничките податоци брзо и безбедно.

Оваа технологија може да препознае лице дури и доколку има некакви физички промени, вклучувајќи влакна на лицето или очила, промена на тенот и друго. Што се однесува до приватноста и безбедноста од Intel велат дека оваа технологија може да разликува помеѓу вистинско човечко суштество и фотографии, видеа или маски, а сите слики на лицето се обработуваат локално со кориснички податоци целосно шифрирани.

Последното на кое се работи, пред да се пушти технологијата во употреба е обезбедување на етичката примена на RealSense ID и заштитата на човековите права, кое секако се најбитни.