Дека една студенска ревија може да изгледа и суштински и формално како модна ревија на етаблирано име се покажа на модната ревија на студентите на Институтот за мода Изет Цури, кој токму со ова преставување ја прослави петгодишнината на своето постоење.

Насловена како “Женски вештини“ по повод претстојниот празник ,во амбиентот на Музејот на Народна борба, на 5 март, во присуство на дипломатскиот кор и угледни гости , во организација на центарот „Добредојде Македонија “ а под покровителство на Француската амбасада , триесетина студенти ги преставија своите модни визии со кои посакуваат да го освојуваат модниот свет.

Со својата креативност и научените вештини под водство на угледниот и признат проофесор во интернационален моден свет, дизајнерот и моделист Изет Цури , студентите докажаа зошто оваа образовна институција од овој вид е на врвот на едукативната модна мапа кај нас.