Отпорна на вода, снима видео со Full HD 1080p, директно поврзана со вашиот телефон,новата Insta360 GO е најмалата видео камера во светот која е дизајнирана да се носи или да се прикачи на нешто. Со тежина од само 18,3 g, супер едноставната камера користи оптичка стабилизација на сликата.
Една од предностите е што оваа камера покрај стандардниот режим на снимање има и можност за снимање на интервали, slow motion со 100 фрејмови во секунда и time lapse снимање. Insta360 GO користи FlowState технологија за стабилизација што представува систем за стабилизација со шест оски.
Камерата има 8 GB меморија, а дневно со едно полнење на батеријата може да се снимаат 200, 20 секундни клипови. Магнетното тело на Insta360 GO и додатоците овозможуваат камерата да издржи дури и даска за сурфање во акција.
Што се однесува до цената, камерата чини 199 долари, што е за 50% помалку од GoPro Hero5 Black, и 150 долари помалку од DJI Osmo Pocket.