Постои нешто мирно и необично во начинот на уредување на Studio Giancarlo Vallе. Во неговата фасцинација со геометриски објекти на голите ѕидови, се крие огромна почит кон архитектските чуда на Frank Lloyd Wright, Le Corbusier, Gio Ponti. Бојата ја користи како драматичен ефект. Додава остри акценти кои не можете да ги пропуштите и си игра со асиметријата.

Во прилог ви претставуваме едно такво уредување на Studio Giancarlo Vallе сместено во Менхетен, Њујорк, со надеж дека ќе ви послужи како инспирација.