Технологијата оди со крупни чекори напред, а конечно може да понуди и нешто корисно за мажите кога станува збор за активностите во креветот. Новото парче технологија за носење може да стави крај на прераната ејакулација, тврдат неговите творци.

Новата „лепенка“ е дизајнирана од страна на Morari Medical брендот и беше претставена на CES настанот во Лас Вегас, а нејзините творцци истакнаа дека таа би можела да води до далеку поисполнителен и поздрав сексуален живот за сите луѓе кои живеат со прерана ејакулација, истовремено подигнувајќи ја нивната самодоверба.

Системот наречен Mor, се поставува помеѓу скротумот и анусот за време на сексот, овозможувајќи им на корисниците да ја елиминираат потребата за ејакулација со едноставно притискање на копче. Џеф Бенет, извршниот директор и основач на Morari Medical компанијата, во официјалната изјава истакна дека „прераната ејакулација претставува најчестиот вид на машка сексуална дисфункција и се јавува кај 30 проценти од мажите“.

Активирање преку паметен телефон

„Morari Medical ја користи науката и податоците кои директно се борат против овој проблем, враќајќи ја самодовербата во сексуалното здравје. Нашата мисија е да ги искористиме последните технологии со цел да ја репрограмираме контролата на климаксот која ќе им служи намилиони мажи како сојузник во обидот да ги доведат своите дами до климакс, да ја подобри нивната самодоверба и да им помоге да живеат исполнет, здрав сексуален живот“. Новиот уред, поврзан е со апликација на паметен телефон, која потоа може да се користи со цел да се зголемат или намалат стимулациските импулси кои ги добива лицето кое го користи овој уред.

Mor системот поседува мала батерија и Bluetooth трансмитер, така што со леснотија може да се поврзе со паметен телефон. Оваа лепенка поседува бежична трансдермална електронска невромодулациска TENS единица, која испраќа мали електрични пулсеви до машките репродуктивни делови, пореметувајќи ги сигналите кои стигнуваат од мозокот. Во теорија, оваа направа би требало на овој начин да ја одложи ејакулацијата на сите кои имаат проблем со нејзината прерана појава.

Засега, Morari Medical има развиено само прототип на својот патент, кој беше изложен на CES настанот, но исто така планира да го подготви конечниот дизајн наменет за комерцијална продажба во текот на следната година.