Inmotion тимот го лансираше првиот електричен моноцикл со воздушна суспензија како одговор на растот на продажбата на лични превозни средства. Дизајниран за непречено стабилно возење на различни терени, Inmotion V11 располага со мотор од 2200W и максимална брзина од 49 до 55 километри на час. Со вградена 1500Wh 84V батерија, овој моноцикл се полни 5 часа благодарение на неговите приклучоци за двојно полнење.

Има опсег од 121 километар со можност за лизгање по стрмни терени при наклони до 35 степени. Благодарение на иновативниот дизајн на суспензијата, електричниот моноцикл може да се движи до 3,3 ″ горе-долу, што значи дека моноциклот може подобро да ги апсорбира ударите на патот, додека пак ширината ан гумата е таа која овозможува справување со грубите услови на патот.

Inmotion V11 има светло и систем за сопирање, што им овозможува на возачите да бидат повидливи во сообраќајот. Удобноста при пренос на уредот ја дава рачката која го претвора овој моноцикл во багаж од 27 килограми.