Луиџи Колани, индустрискиот дизајнер и дизајнерски филозоф, почина во Карлсруе, Германија на 91 годишна возраст. Неговата кариера се простираше ширум 6 децении и вклучуваше работа во некои од највлијателните компании во светот како Fiat, Ford, BMW, Alfa Romeo, Lada, Lamborghini, Mercedes Benz, Canon, Yamaha.

Неговиот контроверзен стил, работните навики и темпераментната личност го правеа вистински предизвик за работа, а неговите дизајни зборуваа за неговата лична пасија. 

Луиџи Колани

Заљубувајќи се во линиите на багажникот на Mercedes SS, уште на три години, почнал да покажува интерес кон дизајнот. Се школувал во Берлин и во Париз по војната, почнал да работи во автомобилската индустрија.

Во 60-те го проширил интересот кон мебелот и домакинството, а во 70-те го создал своето студио во кое соработувал со клиентела од Европа. Во 80-те години соработувал и со Canon во Јапонија па од таа соработка има погато портфолио на префинети фотоапарати и останати елементи. 

Луиџи Колани

Колани го нарекуваше својот пристап кон дизајнот биодинамичен, а себеси 3Д филозоф, најгласувајќи дека во неговите дизајни се симбиоза на висока технологија и уметност.