Според листата на IMDB, Inception e највисоко рангираниот филм на 2010-те години. И новокомпонараниот Joker му е веднаш зад петици.

Со заокружување на декадата, се прават листи на најдобрите, најлошите, најчудните работи во светот. Листата на највисоко рангирани 250 филмови според IMDB не е наменета исклучиво за една декада, напротив. Сепак, дава добар приказ на филмовите кои ја одбележуваат деценијата, а тоа се ретко филмови меѓу 2010 и 2020. 

Првиот филм кој се појавува на листата, а припаѓа на декадата меѓу 2010 и 2020 е делото на Кристофер Нолан, филм направен во 2010 кој го носи името Inception. Филмот претставуваше голем хит своевремено, а главните улоги ги толкуваа Леонардо ДиКаприо, Џозеф Гордон Левит, Елен Пејџ и Килијан Марфи. 

На листата, Inception, како прв филм од декадата 2010-2020, го зафаќа 13 место. Највисоко котира филмот The Shawshank Redemptionод 1994, веднаш зад него за Godfather и Godfather 2.

Од последната декада, покрај Inception, на 19 позиција се наоѓа и последното остварување за Џокер со Јоаким Феникс во главната улога.