Демонстрацијата на најновиот Cybertruck пикап на Tesla,не ги исполни очекувањата на Илон Маск. И тоа го чинеше многу. 

демонстрацијата

Ако погледнете на фотографијата погоре, ќе забележите две причини поради кои презентацијата на најновиот Cybertruck пикап на Tesla го чинеше Илон Маск 770 милиони долари. 

Фијаското кое се случи при демонстрацијата на непробојните стакла на пикапот, не требаше да се случи. Околу првата минута од видеото, Маск замолува дечко од публиката да се обиде и да го скрши стаклото на Cybertruck. Дечкото, релативно атлетски и подготвен, не го крши еднаш туку два пати. На ова, креаторот на Tesla одговара со: „Oh my fucking God“

Што ова ќе значи за Tesla и Илон Маск? Демонстрацијата не помогна во креирање доверба во новиот Cybertruck. Акциите на Tesla паднаа за 6% на 24 октомври, што го чинеше Маск цели 768 милиони долари. Неговото богатство сега изнесува 23.6 милијадри долари и 48 годишниот могул е на 41 место на листата најбогати луѓе во светот. 

Дали сега идните купувачи ќе ги повлечат своите 150 илјади нарачки на Cybertruck, останува да видиме.