Страст, посветеност, сурова конкуренција, уште посурова култура на патеката… навистина не станува збор само за коњските сили на моторот што го носат овие иконски спортски автомобили, туку и тимската работа, динамичниот инженеринг и љубовта кон таков начин на живот поттикнат на адреналин. Од LeMans па се до Nürburgring има некоја магија прикачена за овој тркачки култ.

1. Porsche 917

До 1970 година автомобилот бил способен да развие брзина од неверојатни, за тоа време, 386 километри на час. Ова резултира со победа на 24H LeMans во 1970 и 1971 година. Како додаток на неговиот статус „иконски спортски автомобил” е и филмот на Стив МекКвин „LeMans”.

2. Ford GT40 Mk II

Ford GT уште од своето појавување остави посебен впечаток. Дали тоа беше неговиот дизајн и заоблени агли или моќниот мотор кој за нијанса го надминуваше дозволеното за еден легален автомобил за „цивилна употреба“, останува нејасно. Овој модел беше дел од некои култни видео игри како GTA San Andreas и Gran Tourismo, што исто така го „зацементира“ ова име во поп културата како легендарен спортски автомобил.

Неколку различни верзии на GT40 се појавија трките во 1960-тите години на минатиот век, притоа победувајќи на 24H LeMans во 1966, 1967, 1968 и 1969. Со своите препознатливи бои, фантастичниот изглед и неверојатната брзина, воопшто не е изненадување што овој автомобил денеска претставува икона.

3. McLaren F1

Проектот кој настана како страст на Сер Гордон Мареј, McLaren F1 претставуваше првиот чекор на моторната индустрија во светот на „цивилните“ автомобили. Најбрзиот автомобил на своето време со максимални 356 километри на час, сепак немал таква цел, открија од McLaren. Нивната желба била да направат модел кој ќе биде аеродинамичен, стилски и брз. Со речиси 30 години наследство зад своето име, новата верзија за 2020 година на McLaren F1 ќе чини неверојатни 2 милиони долари.

4. Lamborghini Countach

На прв поглед, ретро футуристичката силуета на Lamborghini Countach навистина сјае и привлекува внимание. Со својот тогаш егзотичен дизајн во 1974 година, Countach беше концепиран од страна на италијанската дизајнерска куќа Bertone, која се наметна како пионер и го популаризираше остроаголниот италијански дизајнерски јазик. Овој автомобил создал и скелет за идните модели на Lamborghini како Avetnador и Diablo.

5. Jaguar E-Type

И покрај тоа што Jaguar E-Type е достапен во три сериски верзии, Series 1 е најпосакувана и модел што секој би го избрал. Наводно, кога Енцо Ферари го видел, истакнал дека ова е најубавиот автомобил до тогаш.

E-Type сподели голем број детали и компоненти со неговиот претходник D-Type. Автомобилот се напојуваше со 3.8-литарски шестцилиндричен мотор, а како опција се нудел и 4.2-литарски мотор, додека диск-сопирачките се нудеа како стандарден дел од опремата.

6. Ferrari 290MM Spyder

Возен од некои од најголемите тркачи на Ferrari и Formula 1, вклучително и Хуан Мануел Фанџо, Питер Колинс, Волфганг фон Трипс и Сер Стирлинг Мос, Ferrari 290MM Spyder е лига за себе. По повеќе години молк, овој автомобил неодамна беше продаден на аукција за вртоглави 22 милиони евра. Дури и во 1956 година, овој Ferrari 290MM Spyder бил способен да испорача 320 КС и да развие 280 километри на час на славната патека Nürburgring.