Нема кој не ги сака кофтињата на Ikea. Шведскиот гигант несебично го сподели рецептот за неговите познати ќофтиња, дозволувајќи им на обожавателите на најпродаваниот нивен производ да ги направат дома за време на изолација. Во рецептот „Гигантот” не заборавил да го вклучи и сосот.

Менаџерот за храна на компанијата Лорена Луридо изјави: „Знаеме дека на некои луѓе можеби им недостигаат ќофтиња, па затоа објавивме алтернативен рецепт кој се прави во домашни услови и која содржи лесно достапни состојки. Престојот дома може да биде тежок, но ние сакаме да помогнеме да им го направиме животот на сите малку полесен и пријатен. Bon appétit или, smaklig måltid, како што велиме во Шведска! “