Наместо да ги прескокнувате оброците најдете начин да го прескокнете долгото готвење во кујна. Кога времето ви е кратко а апетитот голем не значи дека треба да скратите на хранливите вредности или на оброкот. Едноставно можете да си подготвите брз, хранлив и вкусен ручек. Дури и ако не ви текнува што да си приготвите тогаш пробајте ги овие идеи за брз ручек. 1. Медитеранска салата со три вида на грав: се што треба да направите е да ставите конзерва црвен грав, обичен грав и наут. Потоа додадете ситно исецкана краставица, кромид, црвена бабура (можете и пиперка обична), па магдонос и босилек. Пропрскајте со дресингот според рецептот и бон апетит. Здраво и вкусно, а и освежително!
2. Зудлс со песто од авокадо: од тиквички со машинка направете нудлс, зачинете ги и пропржете ги во маслиново масло. Исчистете едно авокадо и ставете го во блендер со пињоли, или како замена можете да користите ореви или бадеми, сол, босилек, бибер, маслиново, сок од лимон и лук и на крајот изблендирајте. Откако ќе го подготвите ова истурете го пестото врз нудлсот од тиквици измешајте, наросете пармезан и на здравје!
3. Крцкава Panzanella салата: доколку имате бајат леб дома можете да го искористите за овој оброк. Неколку кришки леб (колку ви се на вас потребни) исечете на коцки и пропржете со маслиново, зачини и малку рендан пармезан. Додека заруменуваат коцките леб исечете шери домати (или обичен домат), зачинете и оставете го да отстои и да пушти сокови (би можеле да го прескокнете овој чекор со чекање, доматите да пуштат сокови, бидејќи сега доматите се со одличен вкус и испуштаат сокови релативно брзо). Врз доматите истурете ги лебните коцки, наросете босилек, дозачинете ако сакате и на здравје!