Без разлика дали одите на тематска забава каде треба да носите бело, или едноставно сакате да пробате, сите бели комбинации за мажи се во тренд во последните неколку години. Се што треба да направите е да се држите до вашиот нормален стил, само да го искомбинирате во бела боја. Еве еден краток водич за неколку целосно бели комбинации.

Тексас: посакувана ткаенина кога станува абор за кежуал аутфит. И, ако сакате да го подигнете цело-белиот изглед на следното ниво, носењето тексас јакна, белиот маички и соодветните панталони може да направи да се издвоите. Подгответе се да импресионирате на Инстаграм со свеж целосно бел тексас изглед.

Шорцеви за пливање: кога станува збор за сезоната на пливање, можете да барате дезени, но може треба да пробате бели шорцеви за пливање. Едноставни се, минималистички и даваат свеж и чист изглед. Покрај тоа многу убаво стојат на исунчана кожа. Носете ги со лесна кошула на забава покрај базен. Нема многу мажи кои се одлучуваат за бели шорцеви, па така би се истакнале.

Marks & Spencer – Spring/Summer 2016

Бел дуксер+бели шорцеви: ако сакате да внесете „streetwear“ во некоја бела комбинација за мажи, не гледајте подалеку од скромната комбинација дуксер и шорцеви. Одличен начин да изгледате лежерно, но да не изгледате невешто средени. Белиот изглед носи чувство на намена во инаку фрлената облека. Искомбинирајте со еспадрили или патики за лесен изглед, за џогирање, утрински прошетки покрај плажа.

Опуштени костуми: поканети на бела забава? Опуштено одело е дефинитивно изгледот кој треба да го прифатите. Белиот костум, спарен со бела маица или кошула заедно со мокасини или бели патики.

Зимско бело: ако мислите дека белото е само за пролет и лето тогаш се лажете. Изгледот може да го добиете со зимски капут, џемпер и панталони. И, ако сакате да ја покажете својата бунтовна страна, пробајте моторџиска кожна јакна во бело. Без оглед дали излегувате на снег или се соочувате со дождлив ден, нема причина да се плашите да не носите бело во студените месеци.

Лесни плетки: кога станува збор за добивање на идеален целосно бел изглед за сончев ден, лесен џемпер и панталони прават совршена комбинација. Без оглед дали одите на ручек или прошетка, оваа комбинација дефинитивно ќе ви донесе комплименти. Во ваквите комбинации можете дури и да додадете боја во ќевлите или маицата која ја носите под лесно плетениот џемпер.