Без разлика дали станува збор за шетање низ градот или пиење некоја пијачка во вашиот омилен бар или кафуле додека ги апсорбирате зраците на летното сонце, големиот број летни активности кои со нетрпение ги очекуваме бараат „casual“ летни маички кои го истакнуваат вашиот кул изглед. Сепак, со големото ниво на влажност и горештините, сето тоа може да предизвика несакани дамки од пот без разлика на количината на дезодоранс која ќе ја ставите на себе.

За среќа, постојат и други начини за да се избегне срамот, како што е избегнување на облеките направени 100 проценти од памук. Памукот е одличен абсорбирач на влагата, но исто така и ја задржува, што предизвикува зголемување на температурата на телото и со тоа генерира уште повеќе пот. Наместо тоа, изберете облека со природни влакна, на пример лен или „merino“ волна, со оглед на тоа дека се лесни и овозможуваат дишење на вашето тело. Можете да изберете и перформансни ткаенини, технолошки унапредени со квалитети за брзо сушење или гушење на влагата. Секако, носење на посветли бои исто така помага, со оглед на тоа дека ги рефлектира топлината и светлото.

Во прилог е листа на неколку летни маички кои ќе ви помогнат да ги избегнете дамките од пот во летните денови и ќе ви обезбедат да останете кул и со стил среде горештините.

120% Lino

120% Lino ги воздигнува секојдневните делови, создавајќи ги со користење на најдобрите ленени влакна. Оваа маичка е изработена во Италија користејќи материјал кој му овозможува на вашето тело да дише особено погоден за потоплите клими.

Isabel Marant

Доколку барате интересен принт за да го подигнете духот во летните денови, тогаш оваа маичка од Isabel Marant e идеална. Направена од „воздушест“ лен и прекриена е со апстрактен мотив во кафена, зелена и виолетова боја.

Altea

Обичните, класични бели летни маички се секако темелна основа за сите гардероби. Оваа маичка на Altea е направена од премиум ленен материјал кој овозможува високо ниво на дишење на кожата.

Pringle of Scotland

Доколку мислевте дека „merino“ волната е само за зимските денови, тогаш се лажете. Ова фино природно влакно е познато по својата способност да ја регулира температурата во текот на целата година. Во летните денови ткаенината која овозможува дишење на вашето тело ја апсорбира потта од вашата кожа, која потоа испарува во воздухот, оставајќи ве суви и кул. Исто така е отпорна на мириси и има природна UV бариера против штетните зраци.

Mr. P

Како што е споменато погоре, додека класичните бели маички се главен дел од секоја гардероба, останатите неутрални стилови исто така можат да бидат подеднакво разновидни. Mr. P има своја кремаста верзија со која можете да ги замените останатите основни маички. Направена од мешавина на мек памук и лен, нуди голем комфор и гаранција дека потта нема да ви направи проблем.

Vilebrequin

Летната и ведра Tiramisu маичка на Vilebrequin е совршената придружба додека ги минувате летните денови на плажа со ладен пијалок во раката. Оваа маичка е направена од природен melange лен, со амблемот на желка, која е симболот на марката, суптилно поставена на градите.

Etro

Свитливиот кашмирски дезен е принт кој претставува симбол за Etro, кој има наследство кое се фокусира кон боемски инспирираните принтови од 60-тите и 70-тите години. Оваа маичка е направена во морнарско сина, сина и кафена боја на кашмирскиот дезен, произведена во Италија од лесен ленен материјал во relaxed fit варијанта за потоплите денови.

Missoni

Што ќе кажете за уште еден класичен принт? Оваа маичка од мешавина на растеглив памук и лен од Missoni има разнобоен шаблон со „баклави“ е навистина идеална за летно „кулирање“.