Годината 2020 си замина, а со голем ентузијазам ја пречекавме 2021. Пандемијата на коронавирусот не заврши, но сите се надеваме дека тоа ќе се случи во следните 12 месеци. Во согласност со сезоната, Lamborghini лансираше божиќна реклама во која главната улога ја имаат татко и син кои се раздвоени поради коронавирусот. Рекламата започнува со таткото кој добива подарок – уред за виртуелна реалност. Кога го вклучува, се наоѓа зад управувачот на Lamborghini. Рекламата завршува со порака од синот која вели „нашата пасија е посилна од дистанцата“, алудирајќи на нивната врска која е заснована на љубовта кон брзите автомбоили.

 

Превземена од avtoplus.mk