Овој визионерски проект Hyperloop, би овозможил патувањето од Амстердам до Париз да трае само 90 минути. Целото патување би се извело со помош на вагони кои би левитирале во цевки и би се движеле со голема брзина. Компанијата има утврдено мапа со која се поврзуваат Европски градови со таканаречени „hovertrain” до 2028 година.

За остварување на ова се користи магнетна технологија, која исфрла патнички вагони во цевки со низок притисок, така што намалувајќи го влечењето и триењето се овозможува развивање на брзина од околу 998 километри на час. Перспективата за оддалеченоста од домот до работа ќе биде радикално изменета.

Според студија која е направена во соработка со провинцијата Северна Холандија, се укажува дека поврзаноста од 11 холандски градови со метро областа на Амстердам че се зголеми, со што времето на патување би се намалило за помалку од еден час, а тоа би довело до зголемување на БДП за 121 процент.

Според истражувањата спроведени во компанијата времето за транзит помеѓу Париз, Брисел и голем број германски градови ќе биде скратено до 75% во споредба со брзата железница и 60% во споредба со воздухопловните алтернативи, што би довело до замена на 24.000 летови на кратки релации годишно.

Но сепак тука е доведена безбедноста во прашање? Почетните поставки и тестирањата се во тек и се овозможени со фонд од 4,5 милиони евра од Hyper Poland и дополнителни 500.000 евра преку други финансирања. Hardt Hyperloop засега има изградено 30-метарски тунел за ниски брзини во Делфт, а во соработка со Tata Steel планирана е изградба на високо-брзински тест објект од 3 километри во градот Гронинген.