Инвестирањето во некоја машина за вежбање е добра идеја. Во моментов меѓу опремата која е на располагање е и Hydrow, машина за веслање. Но оваа справа е нешто повеќе од едноставна машина за вежбање, повеќе е како „lifestyle“ додаток. Hydrow претставува спој на онлајн курсеви во живо од врвни спортисти и реално искуство во веслање.

Големиот 22-инчен екран прави да се чувствувате како да сте во теретана. Онлајн часовите се една од позитивните работи, бидејќи се снимани на некои егзотични места во реалниот свет, како езера, реки. Дизајнот на машината има чисти линии, во сива боја со металик детали. Машината е направена да биде ергономска, па така удобноста не е проблем. Екранот на Hydrow покрај тоа што е голем е и осетлив на допир и работи на свој оперативен систем.

Со димензии 219cm должина, 64cm ширина и 120cm, плус не се дели или преклопува може да се каже дека нема предност пред конкурентитеГлавните вежби за веслање се поделени во три категории: Drive, Sweat и Breath. Максималното времетраење на тренинг е 45 минути, со инструктор кој ја води сесијата. Hydrow нуди различни подесувања кои можат да се прилагодат. Според експертите овие машини активираат дури 86 проценти од мускулите на вашето тело.