Хибридното трчање е совршена комбинација на тренинг за согорување на маснотии и за секој кој сака да ја намали телесната тежина. Честопати, прво што ни паѓа на ум кога помислуваме на слабеење се броењето калории, диетите до изгладнување и откажувањето. Но, ако подобро погледнете на работите, брзо ќе сфатите дека може да биде многу полесно доколку во игра ја вметнете енергетската рамнотежа или биланс. Оваа рамнотежа всушност го претставува односот на внесената енергија/калории и колку сме потрошиле на крајот од денот. Ако внесуваме повеќе отколку што трошиме тогаш се дебелееме, но ако трошиме повеќе отколку што внесуваме тогаш слабееме. Па од тука се заклучува дека најефективниот тренинг е краткиот и интензивен ако сакате да изгубите некој килограм.

Старото правило вели дека долгите сесии доведуваат до согорување на маснотии, затоа што колку подолго вежбате, толку повеќе вашето тело се потпира на маснотиите како извор на енергија. Но ова е чуста заблуда. При тренинг со висок интензитет, вашето тело троши многу повеќе енергија за пократко време. За да губите килограми треба да научите правилно да го користите „afterburn“ ефектот. Секој кој завршил со тренинг со висок интензитет ќе се сети на следниот момент: дека е задишан, а телото сè уште работи со полна брзина.

По вежбање, на вашето тело му треба голема количина на енергија за да го врати телото во нормала. Ова зголемена потреба на енергија се нарекува ефект на горење и продолжува дури и кога ќе се сместите на софата. Друга корист од Hybrid Running тренингот е тоа што со активирање на разни мускулни групи, треба да се санираат/регенерираат многу повеќе мускули по тренингот, што пак значи дека мора да се обезбеди повеќе енергија за регенерација.