Додека модните брендови успоруваат и се посветуваат на одржлив развој, или во најмала рака помагаат во борбата која ја води светот, Hugo Boss вложува во иновација. Познатиот моден бренд дефинитивно ги заслужи сите пофалби затоа што го лансираше својот прв костум направен без никаков животински производ.
Hugo Boss овојпат реши да се осврне кон своите вегански клиенти, откажувајќи се од материјали како што се волна и свила кои се направени од животни. Овој производ на познатиот моден бренд го сертифицираше PETA како вегански. Веганскиот костум е дел од нивната колекција Responsible Tailoring, а достапен е во беж, темно сина и црна боја, по цена од 895 американски долари.