Во прослава на 40-годишнината, швајцарскиот производител на луксузни часовници Hublot, лансираше новина на Classic Fusion линијата која доаѓа со модерна технологија и со современ дизајн. Колекцијата сега доаѓа со димензии од 45 мм, изработена од три различни материјали и тоа титаниум, циркониум и злато.

На дизајнот на часовниците се гледа минималистичкиот пристап, со што броевите се изоставени а на местото на часот 3 има прозор од кој се гледа датумот. Што се однесува до внатрешноста, HUB1112 автоматски придвижувач го става во функција ова ремек дело на брендот Hublot.

„Хаблот отсекогаш бил бестрашен и пионерски бренд, и ова не е помалку точно во 2020 година. Создавањето на златен часовник на брендот на гумен каиш во 1980 година ги совлада конвенционалните кодови и ги постави темелите за сопствената визија за Haute Horlogerie. За да ја одбележи својата годишнина, тој повторно го создаде својот Classic Original од 1980 година, иконски примерок“.