Hublot произведе ограничено издание од серијата Unico, со која ќе помогне во финансирање на Care for Wild, најголемиот резерват на носорози во светот. Ловокрадството е причина кое во последните десет години збриша две третини од населението на носорози во паркот Kruger National Park, бројка која дополнително се намали на 500 носорози поради пандемијата која ги затвори границите и го прекина виталното финансирање од туризмот. Care for Wild е поддржан од Save Our Rhino Africa India (SORAI), добротворна организација основана од Hublot амбасадорот и поранешен крикет капитен на Англија Кевин Питерсен (Kevin Pietersen). Ова парче часовник има мешавина од две нијанси на мат зелена боја од која е создадено 45 милиметарското куќиште надополнети со два ремени гумен и ткаен. Мотив од инспирацијата за создавање на часовникот, носорог, е поставен на позиција 9. Часовникот во внатрешноста е скрасен со Hublot MHUB1242 Unico 4Hz автоматско движење.