Компанијата Turing го претстави HubblePhone концептот на телефонот кој навистина изгледа поинаку од сите телефони кои денес се користат. Ова е телефон кој се преклопува, а содржи два дисплеја, а може да се отвори и користи како рачна мини камера. Дизајнот на овој телефон е инспириран од легендарната NOKIA N93, но секако е унапреден со футуристичка визија.

Станува збор за телефон кој би требало да биде на пазарот во 2020 година и кој ќе донесе револуција во мобилната технологија. Најголема моќ на овој телефон му даваат двата дуал OLED-екрани, кои ќе бидат флексибилни и сосема подвижни.

HubblePhone

Кога телефонот ќе се отвори и ќе се претвора во миникамера, се овозможува снимање со 60 мегапиксели, овозможувајќи речиси професионално снимање и фотографирање. Покрај главната камера, на овој телефон ќе има уште 4 камери од 12 мегапиксели, кои можат да се користат за селфија и за други потреби, како и за креирање на посебни, повеќеслојни фотографии.

Освен камерите, во телефонот ќе има и Snapdragon 855 SoC процесор, RAM од 8 GB, како и меморија од 256 GB, која ќе овозможи место за сите клипови и фотографии со висока резолуција. Единствениот „недостаток“ на овој телефон ќе биде неговата цена, која ќе се движи околу 2.700 долари, што е навистина енормна цена за телефон.

Сепак и покрај високата цена, многумина покажале интерес за HubblePhone и се очекува за две години да стане вистински хит во светот на гаџетите.