Машките модели на Huawei Watch GT2 доаѓаат во две варијанти – спортска и елегантна. Станува збор за паметен часовник кој ги исполнува сите ваши технолошки потреби на урбаното време. 

Huawei Watch GT2 има вкупно 15 опции, од кои 8 се наменети за спортови на отворено – трчање, пешачење, планинарење, прошетка во природа, планинско трчање, возење велосипед, пливање на отворено и тријатлон. Останатите 7 опции се наменети за спортови на затворено – одење, трчање, возење велосипед, пливање во базен, слободен тренинг, трчање на трака и машина за веслање. 

Часовникот има технологија за регистрирање на пулсот, а има и опција специјално дизајнирана за корисниците со некаква срцева маана. Освен тоа што работи и додека спиете, доколку подолго време не сте активни, часовникот ќе ве извести и потсети за вашата неактивност. 

Опцијата Relax ви дозволува да маневрирате со вежби за дишење, кои го смируваат пулсот и го намалуваат стресот. 

Што се однесува до дизајнот, видна промена на истиот е самиот екран, кој кај Huawei Watch GT2 е голем AMOLED HD дисплеј кој ја покрива целата површина. Зафаќа големина од 1.39 инча, дебелина од 46мм со одлично осветлување. Доаѓа со кожно ременче за елегантната верзија и силиконско за спортската.