Со концептот на системи за автономно возење што напредува од ден на ден, инженерите на Huawei сега развиваат автономен велосипед. Овој велосипед доаѓа со доста импресивна спецификација, како сензори со висока прецизност, камери за препознавање на слики и AI технологија за да се овозможи автономно возење. Покрај тоа, инженерите на Huawei морале да спроведат збир на алгоритми за перцепција и контрола врз основа на претходен хардвер.
Целиот овој проект почнал како виртуелно моделирање, за резултатот да биде велосипед со сензор опремен со RGBD камера, акцелерометар, жироскоп, 6S модел на литиумска батерија, контролен модул што го користи ротациониот момент на дискот односно нешто што се користи кај вештачките сателити, сензор со висока прецизност за наклони, систем за ротирање на задните тркала и друго.
Од тимот на Huawei изјавуваат дека велосипедот е способен за перцептивно размислување и донесување одлуки. Првиот тест за возење во „животна средина“ велосипедот го има поминато докажувајќи дека е независен, стабилен и во целосна рамнотежа. Сега се чекаат детали за лансирањето и цените.