Веќе во март, наредната година, Huawei треба да го претстави својот прв новитет за 2019. Се очекува тоа да биде наследник на одличната серија Р20, којашто засекогаш го промени начинот на кој производителите на мобилни телефони ги користат камерите.

Се чини дека Huawei е на добар пат да го повтори својот успех. Иако Samsung ги престигна, исфрлувајќи го Galaxy A9 со четити камери, новиот Huawei P30 Pro ( како што се претпоставува дека ќе се вика телефонот), би требало да донесе нешто повеќе, пред се 10х оптички зум.

Доколку се суди по постоечките фотографии, камерите би требало да бидат поставени вертикално, во два дела. Првиот би содржел на едно место три камери со ЛЕД-блиц, додека четвртата би била одвоена и би имала едно ToF (time-of-flight) -сочиво.

Иако за сега нема попрецизни детали за камерите, извесно е дека една од камерите ќе биде телефото со опција за 10х-оптички зум, како и дека најверојатно и овојпат ќе го потпише Leica за Huawei. Воедно оваа камера би требала да служи и за 3Д-препознавање.

Претпоставка е дека во исто време ќе биде претставена и нешто поповолна, но и послаба верзија на телефонот, под името Р30, која наводно ќе има три камери и 5х-оптички зум. Овој модел P30 Pro би требало да го придвижува најновиот Android 9.0 Pie OS, покрај EMUI 9.0 skin на Huawei , како и Kirin 980 SoC со 7nm -технологија.