Меѓу безбројте безжични слушалки на пазарот HUAWEI FreeBuds 4i се новина која изненадува. Иако наизглед се многу слични со слушалките на Apple, HUAWEI овозможува да го добиете скоро истиот изглед, добри перформанси за разумна цена. Freebuds 4i се достапни во три бои, бела, црна и црвена, отпорни се на вода до 1 метар поради нивниот IP54.

Сјајната завршница додава стил на дизајнот на слушалките, додека кутијата има робусен изглед со доста силен магнет кој е поставен на делот за затварање. Секоја слушалка може да се конфигурира преку вашиот телефон, долгото допирање на слушалките е резервирано за менување меѓу режимите „noise cancelling“ и „awareness“. Недостасува моментот за менување на јачината на звукот со лизгање на прстот.

Freebuds 4i има 10 милиметарски драјв и чувствителна полимерна композитна дијафрагма кој ја подобрува динамичката одговорност за да произведе подобар звук. HUAWEI во овие слушалки има воведено и active noise cancellation (ANC), користејќи вградени микрофони за блокирање на надворешната бучава како што се звуци на мотори, сообраќај и ветер. Што се однесува до батеријата, трае до 10 часа при активно слушање или 22 часа ако се земе во предвид можноста за полнење од кутијата. Но со активно ANC траењето на батеријата е помалку од 10 часа.