Fitness tracker, гаџет кој ги следи вашите дневни активности, така што знаете колку чекори сте направиле, колку калории сте изгореле и така натаму. Huawei Band 3 Pro е фитнес тракер со карактеристики што не треба да ги очекувате од ваков уред.
Иако подржува известувања за повици сепак ова не е смарт часовник, бидејќи нема да можете да го користите многу во однос на пораки и социјални мрежи. Покрај следењето на вашите дневни активности, овој тракер ги следи и вашите НЕ-активности, спиењето со многу добра точност.
Huawei Band 3 Pro има вграден GPS кој е одличен за тркачи бидејќи ќе ги поштеди од носење на телефон. Апликацијата Huawei Health ќе ви помогне во подобрување на квалитетот на вашиот сон.
OLED екранот е одличен што се однесува до боите, но неговата големина задава мал проблем. Најдоброто во овој уред е што батеријата при просечна употреба, може да трае и до 12 дена.