Додека новото издание, Vive Pro 2 VR, задржува голем дел од естетиката и дизајнот на неговиот претходник, тајванската технолошка компанија HTC, ги зголеми перформансите со низа технички подобрувања. Неговиот нов Dual RGB LCD сега нуди 5K резолуции, со 120Hz за исклучително глатка игра. Видното поле на овој гаџет е зголемено на 120 степени за да се овозможи поширока перспектива, а како надополнување на слушалките доаѓа Hi-Res сертификат која нуди 3Д просторна интеграција на звукот. Производот, Vive Pro 2 е посветен на љубителите на виртуелна реалност, па како таков ќе се нуди и како самостојна единица и во пакет со Base Station и Vive контролери.