Лара Сантини е позната по својата љубов кон фитнесот и во моментов е најуспешната дама во овој спорт на светот. Сантини во моментов е носител на двојна круна, европски и светски првак во бодибилдинг, одбранувајќи ја титулата на последното Светско првенство за дами, одржано во Санта Сусана.
Оваа фитнес бомба, родум од Сплит, која е поранешна гимнастичарка и атлетичарка, во една прилика изјави: „Секогаш сум ги гледала фотографиите од девојките во ова натпреварување, по што почнав да истражувам дали нешто такво постои во Хрватска. Имавм доволно време на располагање и одлучив да се подготвам за ова натпреварување. Едноставно сакав нешто ново“.
Прекрасната Хрватка во моментов е студент на Факултетот за спорт и физичко воспитување на Универзитетот во Загреб, а покрај тоа таа работи во една од најдобрите теретани во хрватската метропола и самата тренира по пет пати неделно во рамки од два часа. Како што самата наведува, Лара се натпреварува во категоријата велнес фитнес, која се фокусира на долниот дел од телото, така што најмногу мора да работи на нозете и глутеусот.
Поместувајќи ги границите и борејќи се против стереотипите, оваа млада дама продолжува напорно со своите тренинзи и ужива во спортот кој најмногу го сака.
„Бодибилдингот најмногу се поврзува со мажите и жените од мускулативен тип, но тоа повеќе не е случај. Поради моите мускули, сите очекуваат да бидам агресивна и нападна, што нема врска со мојата личност. Меѓутоа, навикната сум на тоа и на човечките предрасуди“, истакна сплиќанката, потврдувајќи дека никогаш во животот не користела нелегални супстанци за да дојде до својата цел.