Суплементите со витамини и минерали се одлична поддршка за луѓето во сезона на настинки и грип. Но тие не се решение за да останете здрави. Најдобар начин да ја постигнете целта „да бидете здрави“ и да го поддржите имунолошкиот систем, е да ја спакувате вашата исхрана со есенцијални хранливи материи. Јадењето на разновидна и балансирана храна богата со хранливи состојки кои го зголемуваат имунитетот во комбинација со правилен и редовен сон и вежбање можат да помогнат во држењето на болестите настрана. Еве кратка листа на храна која ќе даде соодветна поддршка на вашиот имунолошки систем.

Јајца

Едни од најхранливите намирници. Перфектно избалансираното количество на аминокиселини, витамини, холин и антиоксиданси го прави јајцето намирница од која не треба да се бега. Аминокиселините се градбени блокови на протеините, додека протеините се основни градбени блокови на организмот. Комбинацијата на витамините и антиоксидансите кои ги има во јајцата се доста битна поддршка на имунолошкиот систем.

Пиперки

Има причина зошто пиперките доаѓаат во различни бои. Бојата е сигнал дека пиперките се богати со антиоксиданти кои се борат против болести. Не само што пиперките содржат моќни антиоксиданти како бета-каротен, тие се неверојатен извор на витамин Ц, поголем од портокалот.

Лук

Според истражување објавено во Food Science and Biotechnology, алицинот кој се содржи во лукот може да помогне во зајакнување на вашиот имунолошки систем. Знаеме колку знае проблем да биде конзумирањето на истиот. Но потврдено е дека лукот не мора да се јаде жив за да се внесе одредениот антиоксиданс. Можете да го испечете лукот (така непријатниот мирис се намалува) и да го вметнете во вашиот омлет и повторно антиоксидансот да биде фукционален.

Сончоглед

Благодарение на незаситените масни киселини кои можат да се борат против воспаленијата, и витаминот Е кој помага при поправка на оштетените клетки, сончогледот е една од храните кои треба да ги конзумирате.

Кефир

Полн со пробиотици кои го подобруваат гастроинтестиналниот систем, кој пак е многу битен за здраво тело. Всушност кефирот се смета за многу подобар од јогуртот. Една студија има покажано дека луѓето кои конзумирале кефир секој ден во тек на еден месец имале големо подобрување во крвната слика. Но доколку неможете да го поднесете кефирот тогаш практикувајте конзумирање на јогурт, комбуха или некоја друга ферментирана храна со која ќе внесете природни пробиотици.