Ако сакате да го сочувате здравјето на бубрезите и нивната оптимална функција, избегнувајте или намалете со користење на овој вид храна

Покрај црниот дроб, бубрезите се главните прочистувачи на организмот од токсичните материи кои ги внесуваме. Бидејќи не сме во можност да ги менуваме, иако имаат улога на филтри, не ни останува ништо друго освен квалитетно да се грижиме за нивното здравје и оптимална работа. Еден начин да го сторите тоа е со избегнување или намалување на овие видови храна, која не е нездрава, но важно е да се консумира во одредени количини. 

Авокадо: Вистина е дека е богато со витамини и хранливи влакна, но авокадото содржи и доста калиум, кој ако се внесува во големи количини може да доведе до неправилна работа на срцето, грчење на мускулите и слаба работа на бубрезите. 

 

Месо: Животинските протеини се тешки и бубрезите потешко ги обработуваат. Внесувањето на премногу вакви протеини може да ја оштетни нивната работа па да не ја извршуваат функцијата оптимално. 

 

Сол: Главен непријател на бубрезите и намирница која треба да ја избегнувате. Секоја солена храна е потенцијален штетник, па затоа намалете, отстранете и пијте многу вода. 

 

 

Банани: Истото што важи за авокадото, важи и за бананите. Хранливи, но и полни со калиум. Внимателно!

 

 

 

Млечни производи: Тешко е да се откажете од сирењето, кашкавалот, кајмакот. Но истите содржат фосфор кој ги затнува бубрезите и ги преоптеретува. Избегнувајте да ги консумирате секојдневно, а кога морате јадете ги во мали количини. 

 

Машки Магазин како промотор на доброто здравје, покрај следењето на овие совети, најтопло ви препорачува редовна контрола и ве поттикнува да закажете преглед и одговорно да се грижите за своето здравје. Месец ноември е месец посветен на подигнување на свесноста за машкото здравје.