Сакате да го почнете денот со повеќе енергија. Или пак да го издржите денот. Едноставно не се препуштајте на чоколадото или на кафето туку конзумирајте храна која ќе ви помогне да го совладате заморот, без разлика дали е почеток на денот или средина. Правилната исхрана е многу важна не само за нашето тело, туку и за нашиот мозок. Ни требаат одредени хранливи состојки за да останеме фокусирани и будни. Еве листа на храна која ќе ви помогне во борбата против заморот.

1. Авокадо: вкусна и главна состојка на многу здрави рецепти. Поради количеството на омега-3 и омега-6 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, авокадото го подобруваат протокот на крв во мозокот и му помага на нашето тело да апсорбира други хранливи материи. Комбинацијата на јаглехидрати, масти и протеини во авокадото се состојките кои го прават авокадото вистинска енергетска бомба.

2. Јаболко: Едно истражување има покажано дека јаболкото ве буди подобро од кафето доколку го конзумирате наутро. Покрај ова јаболкото е богато со фруктоза, најпосакуван извор на енергија на нашето тело, кој обезбедува за нашиот мозок континуирана енергија. Да не заборавиме и дека ова е најздравата храна во светот.

3. Никулци: Содржат сложени јаглехидрати кои телото полека ги обработува за разлика од обичните шеќери содржани во белото брашно. На овој начин го снабдуваат вашето тело континуирано со енергија, за разлика од едноставните шеќери кои даваат моментален енергетси буст потоа чувствувајќи се уморно пак. Иако постои голема разновидност кај никулците, на пример од леќа, житарки… сепак тие покрај полисахаридите содржат и важни хранливи материи како што се витамини Б, Ц и фолна киселина. Ова ги прави современа суперхрана.

заморот

4. Макадамија: Со 160 до 200 калории по порција, макадамијата е високо енергетска храба која ги содржат сите три макронутриенти: протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Но ако внимавате на телесната тежина тогаш треба да ги комбинирате и конзумирате со план во умерени количини.

5. Боровинки: Вкусни и одличен извор на енергија. Боровинките содржат многу манган, микроелемент кој игра важна улога во одредени метаболички процеси во нашето тело, а една од нив е претворање на јаглехидрати и мастите во енергија. Според едно истражување извршено врз стаорци и постари луѓе е докажано дека покрај тоа што се добра енергетска храна боровинките штитат од губење на меморијата и влошување на когнитивните способности.

6. Мача: Мачата е прашок направен од цели листови зелен чај. Поради тоа мачата ги содржи сите минерали, антиоксиданти и аминокиселини кои се наоѓаат во самиот лист.За разлика од кафето, кофеинот содржан во матча се апсорбира само многу бавно, поради што неговиот ефект на будење трае подолго. Комбинацијата на L-theanine и кофеинот што ги содржи мачата обезбедува чудесен ефект на зголемена концентрација и будност врз телото.

7. Кељ: Крал на зеленчуците, полн со витамини и минерали важни за нашиот мозок. Овој зеленчук е особено важен за вегетаријанците и веганите бидејќи е растителен извор на железо, материја која го пренесува кислородот до ткивата и клетките. Познато ни е дека недостатокот на железо доведува до замор и исцрпеност. Но за да се апсорбира железото потребен е витамин Ц. Па затоа за да се искористи кељот како храна која ќе ви помогне да го совладате заморот најдобро е да го подготвите како смути со лимон или јаболко.