Брзиот начин на живеење денес не прави подложни на стресот. Сите се натпреваруваме со времето, обидувајќи се да бидеме што попродуктивни за ограничено време, а во меѓувреме забораваме да обрнеме внимание на она што е важно, на нашето здравје. Да се ​​избалансира исхраната е од суштинско значење за одржување на менталното и физичкото здравје. Па ако барате олеснување на стресот без конзумирање на таблети, тогаш имајте го при себе овој список на закуски кои ќе ви помогнат во ослободување од стресот.

1. Темно чоколадо

Моравме овој список да го започнеме со слатко-горчливата закуска која сите ја сакаат. Темното чоколадо е полно со антиоксиданси кои им помагаат на крвните садови да се релаксираат, да го намалат крвниот притисок и да ја подобрат циркулацијата.

2. Јаткасти продукти

Богати со хранливи состојки, полни со Б витамини и здрави масни киселини, ф’стаците, особено, имаат улога во намалувањето на нивото на стрес. Тие содржат магнезиум кој е поврзан со регулирање на анксиозноста. Доколку не сте љубители на на овие јаткасти продукти пробајте индиски ореви, полни со со омега-3, протеини и цинк.

3. Авокадо

Оваа закуска содржи омега-3 масни киселини кои ќе помогнат во ослободување од стрес и вознемиреност, и можат да ја подобрат вашата концентрација и вашето расположение. Оваа супер храна се состои од есенцијални хранливи материи и растителни влакна што го прават одличен додаток во вашата исхрана.

4. Чај

Иако сите го гледаме како пијалок, но чајот е многу повеќе од тоа. Еден филџан чај и веднаш почнувате да чувствувате смиреност. Тој смирувачки последователен ефект на пиење чаша чај од камилица носи задоволувачко чувство на радост. Ако ви треба малку кофеин, тогаш изберете зелен чај бидејќи е корисен за вашата меморија, когнитивната функција и е алтернатива на кафето.

5. Лосос

Богат со омега-3 масни киселини, витамини, минерали, антиоксиданси и протеини. Антивоспалителните својства кое го има оваа закуска помага во спротивставување на негативните ефекти од хормоните на стресот.

6. Бобинки и агруми

Кога знаете дека ве чека период полн со стрес најдобро е да се заштитите и во ваша одбрана да конзумирате бобинки или агруми кои ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем. Доколку сте љубители на бобинки тогаш јагодите и боровинките се правиот избор, имаат фитохемикалија што може да го исцеди тој стрес. А ако сакате цитрусни овошки тогаш портокалите се одличен избор богат со витамин Ц.

7. Едамаме

Содржи аминокиселина триптофан кој помага да во производство на хормонот серотонин за балансирање на расположението. Едамамето е богато со фолати, така што ве релаксира и го надополнува нивото на енергија.

8. Јогурт

Дневна доза пробиотици. Ферментираната храна е доста корисна, а здравјето најмногу зависи од микроорганизмите во нашите црева. Овие пробиотици можат лесно да го зајакнат вашиот имунолошки систем, да ве заштитат од штетни бактерии и да го подобрат варењето, а јогуртот како производ кој содржи пробиотици и кој може лесно да се меша со овошје, житарки…е многу корисен. Покрај ова полн е со калциум и протеини и тоа го засилува ефектот врз стресот.