Во Sci-fi хотелот FlyZoo во Жангџоу ќе ве пречекаат роботи. Гости можат да се пријават со препознавање на лицето, а собите имаат гласовна контрола. Овој хотел кој е отворен кон крајот на минатата година има 290 соби.
Интересно е тоа што кинеските гости резервациите ги прават со испраќање на слика, додека пак странските гости тоа го прават преку онлајн платформата Fliggy. Странските гости по пристигнувањето може да бираат дали ќе користат препознавање на лице, наместо клучеви и тастатури, за пристап до собите, лифтовите и другите простории.
Tmall Genie е асистентот кој ќе ви помогне да ја прилагоди температурата, светлата, завесите, да го контролирате телевизорот, да нарачаат нови перници, храна и пијалок во собата, да пушта музика и да одговара на прашања, со едноставни говорни команди.
Храната и пијалоците исто така ги носи робот. Храната во ресторанот гостите ја нарачуваат преку апликација, а во теретана има интерактивни подови.
„Се работи за ефикасноста на услугата и конзистентноста, бидејќи роботите не паќаат под влијание на расположението на луѓето. Понекогаш, ние велиме дека не сме расположени, но системот и роботот секогаш ќе бидат расположени “, вели Енди Ванг, извршен директор на хотелот.