Издржете ги овие последни неколку жешки недели ова лето, со совршените комбинации од 9 до 5. Ако дрес кодот ви дозволува да бидете креативни и да имате малку поголема слобода од одела, кравата и кошула, ве инспирираме со неколку изгледи за последните денови на 40+ степени Целзиусови.

Hot Office
Карираната кошула секогаш е добитна опција. Нека биде во светли тонови како небесно сина со бела. Панталоните, чевлите и ременот нека бидат потемни како би добиле совршен контраст.
Hot Office
Ако не се плашите од интензивните летни бои, ваквите нијанси на кошула се совршен избор за вас. Дозволувајќи и на кошулата да доминира, панталоните и чевлите нека бида во посмирени тонови.
Hot Office
Доколку дрес кодот ви дозволува casual варијанти, не плашете се да облечете и маица на кратки ракави. Се’ додека е изработена од квалитетен материјал и без апликации, само напред! Изберете некоја нежна нијанса и дезен како што се пругите.
Hot Office
Патиките се совршена варијанта, особено ако сте постојано во движење. Комбинирајте ги со окер маица со краток ракав и панталони во кралско сина нијанса.
Hot Office
Белата кошула е класика која секогаш има место во гардероберот на мажите и срцето на жените. Ленот е совршен материјал од кој таа би можела да е изработена за во летниот период. Не заборавајте ги очилата за сонце и насмевката.
Hot Office
Чекор подалеку од белата, но задолжителна во гардероберот е сината кошула. Но, нека не биде еднолична. Посегнете по некаков минимален дезен, сепак е лето и можете да си го дозволите тоа. Комбинирајте со црни фармерки и кафени чевли и ремен.