Втората генерација на Horizon Wireless Earphones се најновата технолошка понуда на луксузниот моден бренд Louis Vuitton и тоа во комбинација од црна и неон зелена боја. Овие слушалки кои се создадени во соработка со аудио компанијата Master & Dynamic, доаѓаат со познатата монограм шема и цветен детал во неон зелена боја.

Според спецификациите Horizon Wireless Earphones нудат 30 часа високо-квалитетно аудио, noise-canceling режим и режим за амбиентално слушање и напредно поврзување. Овие луксузни слушалки доаѓаат спакувани во специјална футрола за полнење, способна за безжично индуктивно полнење. Слушалките ќе бидат достапни преку веб продавницата на модниот бренд на 14-ти Октомври, додека во продавниците ќе бидат достапни од 16-ти Октомври.