По повод 50 годишнината од слетувањето на Месечината, Horizn Studios го дизајнираше првиот куфер за вселенско патување, развиен во соработка со најмладиот астронаут Алиса Карсон. Horizn ONE е специјално дизајниран за патување во услови на нулта гравитација.

Horizn ONEУникатноста на овој куфер доаѓа од ултра лесната и флексибилна обвивка од јаглеродни влакна појачана со графен, електромагнетна подлога, биометриска безбедност, смарт екрани, безжично полнење, па дури и моќ за одржување на облеката свежа со помош на „бактериостатска технологија“.

Структурата на куферот прави еден флексибилен, поцврст и полесен објект кој тежи само 900 грама. Основата на куферот дозволува да се прицврсти на подот или на sидовите на леталото. Horizn ONE може да се носи и како ранец, вградените смарт уреди на патниците им овозможуваат да останат во контакт и да споделуваат видеа со најблиските назад на Земјата.

Отварањето на куферот е со отпечаток, додека вакумската функција на куферот дозволува максимална ефикасност при складирање. Алиса Карсон која заврши интензивна обука за микрогравитација, декомпресија, подводно преживување и ракување со вселенски костуми подготвена е да го понесе Horizn ONE на нејзиното патување на Марс.

Horizn ONE