Првиот официјален трејлер за најновата минисерија на Netflix, на Рајан Марфи и Иан Бренан, HOLLYWOOD пристигна. Дејствието се одвива после Втората Светска војна, а серијата со седум епизоди се фокусира на група ликови кои се надеваат дека ќе им се остварат соништата во Холивуд, откривајќи ја дискриминаторската структура на индустријата.
Секој лик нуди уникатен поглед на HOLLYWOOD воочувајќи ги нелојалните системи и предрасуди врз основа на расата, полот, сексуалноста. Во минисеријата се појавуваат доста познати актери, Квин Латифа, Џим Парсонс, Холанд Тејлор, Лора Хариер, Дарен Крис, Дилан Мекдермот, Дејвид Коренсвет, Џереми Поуп… Премиерата е закажана за 1-ви Мај а официјалниот трејлер погледнете го.